СУРОВО ПРЕДВИДУВАЊЕ НА МИЛИЈАРДЕРОТ: Вештачката интелигенција на луѓето ќе им остави само две професии

Елон Маск

Милијардерот Илон Маск смета дека вештачката интелигенција во иднина речиси секоја работа ќе ја направи бесмислена. Маск тоа го рекол во своето излагање на Светската конференција за развој на вештачка интелигенција во Шангај.

Според предвидувањата на Светскиот економски форум, до 2022 година, роботите ќе заменат дури 75 милиони човечки работи и од таа причина ексцентричниот милијардер смета дека идните генерации, сиот свој напор, треба да го насочат кон две професии.

Едната е сега веќе популарната – изработка на софтвер за вештачка интелигенција. Маск, меѓутоа, истакнува дека постои можност во иднина компјутерите самостојно да почнат да ги надоградуваат сопствените системи без човечка интеракција.

Од друга страна, онаа втората човечка работа, според него, роботите тешко ќе ја заменат.

– И покрај технолошкиот развој, луѓето се уште ќе узживаат во разговорот во живо. Според тоа, ако не сте склони кон наука, вториот избор секогаш може да ви биде работа со луѓе – додал Маск.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот