СУРОВИОТ САУДИСКИ ПРИНЦ: Наредил да го убијат новинарот, а потоа со свои раце го ЛИКВИДИРАЛ џелатот (ВИДЕО)

Мохамед бин Салман за едни е реформатор, а за други убиец/ фото: EPA-EFE/RON PRZYSUCHA

Саудискиот новинар Џамал Кашоги (59) е убиен на 2 октомври 2018 во конзулатот на таа земја во Истанбул, а се верува дека неговото убиство било наредено од саудискиот престолонаследник, принцот Мухамед бин Салман.

Принцот за ова убиство го задолжил својот советник Сауд ал Катани, кој според истрагата што ја водела Турција, им издал наредба на агентите да го убијат новинарот велејќи „донесете ми ја главата на тоа куче“. По убиството на Кашоги, Сауд ал Катани се повлекол и ги вршел своите стандардни должности во Ријад.

Меѓутоа, во дипломатските кругови и на социјалните мрежи од неодамна кружат гласини дека Ал Катани е мртов. Ијад ел Багдади, критичар за саудиските власти кој живее Осло, напишал на крајот на август на Твитер дека Ал Катани лично бил отруен од престолонаследникот, но не сакал да го открие изворот на информацијата.

Саудиската кралска фамилија не сакала да се изјаснува за наводната смрт на Ал Катани, а амбасадата на таа земја во Вашингтон не сакала да коментира. Меѓутоа две лица, наводно блиски до Ал Катани, изјавиле дека тој е жив, пренесува швајцарски Блик.

Турскиот весник Сабах, кој детално ја следел турската истрага на убиството на Кашоги, пренесоа дека последните зборови на убиениот новинар била молба до убијците да не му ја прекриваат устата, бидејќи боледува од астма и би можел да се загуши.

Кашоги бил убиен на 2 октомври, 2018 година во саудискиот конзулат во Истанбул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот