„Сурова“ реалност: Турците пресилни за одбојкарите! (ФОТО)

cev.eu/

Но, денеска избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ не освоија ниту еден сет, односно со максимални 3:0 по сетови 25:20, 25:23, 25:13 загубија од селекцијата на Турција.

Во првиот сет противникот уште од самиот почеток имаше резултатска контрола, поведе со 6:3, па зголеми на 15:10, по што до крајот на сетот само рутински ја одработуваше задачата за почетна позитива.

Вториот сет видовме по порамноправна битка на паркетот, константно водевме од 1-2 поени разлика со 7:5, па 11:9, па после поенот на Љафтов стоеше и наши 19:18 на семафорот.

cev.eu/

Но, наместо да се одржува предноста, нешто слично како во првите два сета на претходниот дуел против Финска, повторно како да се „исплашивме“ од освојувањето на сетот, па му се дозволи на ривалот во лош момент да направи пресврт и серија од четири поени по ред што се покажа како клучна за зголемување на нашата негатива по сетови

И тука како да падна моралот кај нашите одбојкари, третиот сет беше целосно поразлична приказна, иако само стартот беше добар поведувајќи со 3:1. Турците кои имаат поголем квалитет и искуство заиграа како што треба за уште поголема серија на мечот од 8:0 и тука беше крајот на сите надежи на нашите најдобри одбојкари.

cev.eu/

Ривалите имаа и „двоцифрена“ разлика од 20:10 и мирно го одведоа натпреварот за нивна прва радост на европскиот шампионат. Наредниот трет дуел ќе го имаме против европскиот шампион Русија в сабота (14 септември) од 17.30 часот.

Најефикасен во нашите редови беше Александар Љафтов со 10 поени, девет запиша Никола Ѓоргиев, а кај победникот се истакна Адис Лагумџија со 19 поени.

Европско првенство 2019
(Арена „Стожице“ – Љубљана)

Група Ц, 2. коло

Македонија-Турција 0:3 (20:25, 23:25, 13:25)
20.30 часот Белорусија-Русија
14 септември Словенија-Финска

Табела:

1.Словенија (3:0) 3 бодови
2.Русија (3:1) 3
3.Финска (3:1) 3
4.Турција (4:3) 3
5.Белорусија (0:3) 0
6.Македонија (1:6) 0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот