Суров крај за суровиот човек: Педофилот кој злоупотреби 200 деца убиен во затвор

Фото :AFP/Profimedia

Еден од најсуровите педофили во историјата на Британија е пронајден мртов во неговата затворска келија. На неговото тело биле пронајдени убодни рани од нож, објави британски „Индепендент“.

Ричард Хакл служеше 22 последователни доживотни затворски казни, откако призна дузина сексуални престапи против деца во Малезија.

Министерството за правда на Велика Британија ја потврди информацијата за неговата смрт, но не понуди дополнителни детали. Скајњуз пак, пренесе дека убиството се случило во „соминителни услови“.

Хакл, кој бил фриленс-фотограф, ги наоѓал своите жртви во сиромашните краеви на малезискиот главен град Куала Лумпур.

Преправајќи се дека е учител по англиски и голем христијанин, тој злоупотребувал деца на возраст меѓу шест месеци и 12 години, и тоа го правел во период од девет години меѓу 2006 и 2014 година.

Тој исто така се обидувал да заработи пари преку објавување на видеа како злоупотребува 13-годишно девојче.

Покрај сите криминални дела, Британецот има објавено „прирачник“ со вознемирувачки наслов: „Педофилите и сиромаштијата: Водич за љубовници на деца“.

Повеќе од 20,000 непристојни фотографии и видео-снимки се пронајдени на неговиот компјутер кога е уапсен на аеродромот Гетвик во 2014 година. Педофилот тогаш се обидувал да се врати во Велика Британија за да ги помине Божиќните празници со неговото семејство.

Детективите успеале да идентификуваат 23 жртви, главно од сиромашни христијански семејства, но се верува дека тој злоупотребил речиси 200 деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот