Суров или приготвен спанаќ – што е подобро за вашето здравје?

Unsplash
Unsplash

Кога станува збор за јадење спанаќ, треба да знаете дека овој зеленчук високо на листата на суперхрана и е секогаш едно од најздравите и најлесни зелени зеленчуци.

Без разлика дали ќе го додадете во смути или омлет, ќе го користите како основа за салата или само ќе уживате во чинија готвен спанаќ со малку лук и маслиново масло, нема погрешен начин како да го јадете.

Сепак, постојат некои разлики кога го јадете суров или приготвен, но запомнете: На кој било начин да го јаедете, ќе биде корисен за вашето здравје.

Profimedia
Profimedia

Доколку го јадете приготвен, варен, на пареа или приготвен на друг начин ќе апсорбирате повеќе железо и калциум. Готвениот спанаќ исто така ја зголемува количината на апсорбација на витамини А и Е . Исто така, доколку е готвен ќе изедете повеќе спанаќ, бидејќи има разлика во волуменот отколку кога го јадете суров.

Кога јадете суров спанаќ, апсорбирате повеќе фолати, витамин Ц, ниацин, рибофлавин и калциум. Суровиот спанаќ исто така полесно се меша во смути, бидејќи е релативно без вкус. И, се разбира, во својата сурова форма тој е преполн со влакна и вода.

unsplash

И суровиот и готвениот спанаќ имаат импресивна количина протеини или 2,9 грама протеини на 100 грама, вклучувајќи ги сите девет есенцијални аминокиселини – што го прави еден од омилените зеленчуци на вегетаријанците и веганите. Во споредба со другите зеленчуци, тој е еден од најдобрите вегански извори на железо.

3 1/3 чаши суров спанаќ е порција од 23 калории. Но, дури и неколку зелени лисја спанаќ во секој оброк е одлична почетна точка кога станува збор за вклучување на повеќе зеленчук во вашата исхрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот