СУРОГАТ МАЈКАТА на Ким и Канје добила породилни болки

Фото EPA/NINA PROMMER

Популарниот пар очекува четврто бебе од сурогат мајката, откако на истиот начин ја добија и ќерката Чикаго.

Доцна во четвртокот вечерта таа била примена во болница, во оддел за гинекологија. Истата вечер, Кортни Кардашијан во шоуто кај Елен изјавила дека Ким не можела да дојде бидејќи е во болница со сурогат мајката.

Ким и Канје овојпат ќе добијат момче. Неодамна таа изјави дека пребарува традиционални ерменски имиња, во чест на потеклото на нејзиното семејство, но сè уште не нашла име кое ѝ се допаѓа.

Нејзините три деца се викаат Норт, Сент и Чикаго. Во секој момент се очекуваат повеќе информации за раѓањето на нивното четврто бебе.

Прочитајте повеќе и за намерата на Ким да ги следи стапките на татко ѝ.

БОНУС ВИДЕО:

Зошто Меланија и Доналд Трамп го кријат својот син од очите на јавноста?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот