Суптилно морничава и брутална филмска бајка: „ФЕСТИВАЛОТ НА СТРАВОТ“ ќе ве замрзне пред екраните – Слободен печат
МагазинФилм и ТВ

Суптилно морничава и брутална филмска бајка: „ФЕСТИВАЛОТ НА СТРАВОТ“ ќе ве замрзне пред екраните

Приказите на заедницата која плива во литри чај направен од халуциногени билки оставаат длабок впечаток на гледачите.

Новиот филм на режисерот Ари Астер го донесува филмскиот наследник на хит-хоророт „Наследено зло“, кој ја воодушеви публиката пред една година.

Најавуван како најстрашниот филм на годината поради кој ќе имате ноќни мори, „Фестивал на стравот“ многумина може и да разочара. Убавината на овој филм не лежи во тоа дали е страшен или не е, туку во нешто друго…

IMBD

Сектите и култовите, особено ако се втемелени на човечки култури и верувања, секогаш се одличен холивудски материјал кој успева да ги заинтригира и скептиците.

IMBD

„Фестивал на стравот“ критичарите го коментираат како еден од визуелно најуспешните годинава.

Морничавите прикази на заедницата која плива во литри чај направен од халуциногени билки, ги убива своите најстари членови во предодредени циклуси на животот, како и ритуалите на парењето, одлично се приближени со прекрасната фотографија и нежниот колорит, кои оставаат длабок впечаток на гледачите.

IMBD

Погледнете во трејлерот како ќе изгледа сето тоа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close