Суптилна саботажа: Четири дневни навики кои го убиваат вашиот сексуален живот

Фото: Pexels/Ketut Subiyanto

Иако на намалувањето на сексуалната желба понекогаш влијаат и здравствени проблеми, често секојдневните навики се тие кои полека ја намалуваат желбата. Важно е да размислите за рутината и да разберете кои навики ја убиваат страста меѓу партнерите.

Прекумерно внесувате храна

Десертот или ужината попладне може да ја намали енергијата и да создаде чувство на тежина, а може да влијае и на сексуалната желба. Затоа експертите советуваат да се намалат големите порции оброци и слатката храна. Не смее да се заборави дека храната влијае на менталното здравје, а дека храната богата со заситени масти е исто така поврзана со депресија и деменција. Големите оброци со висока содржина на масти можат да создадат моментална тромавост.

Ја носите работата во вашиот дом

Често размислувате за работа дури и на крајот од денот, иако вашите обврски одамна се завршени. Советот е дека е многу важно да оставите дел од вечерта за одмор и релаксација, но и за интимно поврзување. Важно е да го исклучите компјутерот, дури и да се оттргнете од домашните задачи. Многу е важно да се фокусирате на партнерот и на заедничкото време.

Постојано имате кавги

Ова е нешто што може погрешно да се протолкува. Не се работи за дискусија за тоа што би сакале да гледате на телевизија. Станува збор за постојани расправии, кои со сигурност ќе ја намалат сексуалната желба и интимност. Разбирањето и почитувањето на разликите создава подобра атмосфера и секое несогласувње лесно се решава.

Секогаш имате ист сексуален однос

Не дозволувајте сексот да стане монотон или без изненадувања. Наместо тоа, пробајте нови пози и обидете се да ја задржите возбудата во врската. Секогаш бидете подготвени за повеќе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот