Супермаркет во Арсенал, Артета стави девет фудбалери на продажба

Арсенал тренинг/EPA-EFE/WILL OLIVER

Ова лето ќе има големи промени во лондонскиот тим.

Арсенал триуфира во ФА Купот и ја спаси сезоната, но менаџерот Микел Артета не се задоволува со настап во Лигата на Европа, тој сака да игра во Лигата на шампионите. Но, со буџетот кој го има и ривалите кои се засилуваат се чини дека тоа ќе биде тешка задача.

Артета од челниците на Арсенал доби буџет од само 50 милиони евра, па поради тоа ќе мора да продава дел од играчите за да добие дополнителни средства.

Поради тоа, но и поради желбата да состави тим по свој вкус Микел Артета е подготвен да се ослободи од дури девет фудбалери.
Доколку Пјер-Емерик Обамејанг остане во Арсенал и потпише нов договор тогаш од екипата ќе си замине Александре Лаказет за кого има интерес од неколку италијански екипи.

Арсенал чека да види што Барселона ќе понуди за Ектор Бељерин и за Матео Гендузи кој го разочара тренерот со своите постапки на теренот и надвор од него.
Исто така на трансфер листата се наоѓа и Сократис Папастатопулос кој може да се врати во Бундеслигата.
Иако многу се очекуваше од Лукас Тореира, тој не воодушеви со своите игри и летово ќе му биде дозволено да се врати во Серија А доколку пристигне примамлива понуда.

Артета исто така во наредната сезона нема да смета ниту на Мустафи и Холдинг во одбраната, додека Месут Озил ќе мора да го трпи уште една сезона. Германецот има договор до 2021 година и нема намера ниту во сон да се откаже од 20-те милини евра кои му следуваат според договорот и е подготвен цела сезона да ја преседи на клупата за резервни фудбалери.

Што се однесува до засилувањата Арсенал ќе се обиде да го донесе Вилијан од Челси кој веќе им соопштил на челниците на „сините“ дека сака да си оди, а можно е доаѓање и на Фелипе Кутињо и тоа како дел од размената за Гендузи со што Арсенал би морал да доплати одредена сума.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот