Суперлигата ја победи УЕФА, сепак во блиска иднина ќе има Лига на богатите

Перез им оддаде почит на три легенди кои изминатото лето си заминаа од Реал Мадрид/ фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Екипите кои останаа доследни на идејата за формирање на европска Суперлига, Јувентус, Реал Мадрид и Барселона се огласија со заедничко соопштение.

Европската Суперлига згасна по само 48 часа од нејзиното формирање поради големиот притисок од УЕФА, навивачите па дури и неколку европски влади. Заканите од суспензии, исфрлање од натпреварувања и парични казни натераа девет фудбалски гиганти да се откажат од проектот, додека главните иницијатори Барселона, Јувентус и Реал Мадрид одлучија да ја продолжат „војната“ во судовите и успеаја да издвојуваат победа.

„Барселона, Јувентус и Реал Мадрид со одушевување ја дочекаа одлуката на Судот дека УЕФА има обврска да ги поништи сите процедури против клубовите основачи на Суперлигата“, стои во заедничкото соопштение на трите клуба.

Судот во Мадрид дополнително ќе ја испита и монополската позиција на УЕФА во европскиот фудбал.
Оваа одлука на судот во Мадрид значи победа за фудбалските гиганти, а со тоа останува прашањето кога повторно ќе заживее Суперлигата.
Нашата цел е да направиме развој на проектот европска Суперлига во контсруктивен разговор. Јасно е дека постојат елементи на нашиот проект кои треба да се преиспитаат и кои можеме да ги унапредиме со дијалог“, стои меѓу другото во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот