Суперлига: „Седум од седум“, Вардар ја оправда фаворитската улога против РК Струга

Вардар 1961 убедливо до нови суперлигашки бодови/фото: РК Вардар 1961/Денис Дуковски

Вардар 1961 го запиша и седмиот триумф по ред во домашната Суперлига откако во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје со конечен резултат 36:27 славеше над Струга.

Бранителот на титулата единствено на стартот налета на силен отпор од стружани кои беа на негатива од само „минус два“ (5:3), но потоа скопските „црвено-црни“ со серија од 5:0 го најавија победникот (10:3).

Оваа висока разлика се одржуваше до крајот на првото полувреме, а на паузата домаќините заминаа со уште поголемо водство од 20:11.

Ништо не се промени во вториот дел, играчите на тренерот Владо Недановски го контролираа мечот и на крајот запишаа нови суперлигашки бодови.

Во победничките редови доминираше Савревски со седум голови, Лазаревски имаше еден погодок помалку, а на спротивната страна по шест голови имаа Бугариновиќ и Цветаноски.

На табелата во групата „Б“ води Вардар 1961 со максимални 21 бод, додека ракометарите на Струга после третиот пораз во низа се на петтото место со седум бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот