Суперлига: Ракометарите на Бутел подобри и од Металург!

фото: facebook.com/gyongyosikk/

Ракометниот клуб Бутел победнички го завршува првиот дел од сезоната, денеска во салата „Автокоманда“ со 23:31 (12:17) триумфираше над Металург.

Напомена дека во гостинскиот состав не настапија странците и главните носители на играта кои со своите најблиски ги поминуваат божикните и новогодишните празници.

Прв стрелец во победничките редови беше Божиновски со 10 голови, два помалку забележа Милошевски, а на спротивната страна по три имаа Кондев, Шилегов, Серафимов и Лазаревски.

Тренерот на РК Бутел, Кристијан Грчевски им даде шанса на играчите што немаа досега голема минутажа, но тие ја оправдаа довербата и му го нанесоа првиот домашен пораз на Металург.

Се одиграа уште два меча: Прилеп-Еурофарм Пелистер 2 16:39 и Работнички-Тиквеш 29:31.

Табела: Металург 27 бодови, Бутел 25, Еурофарм Пелистер 2 22, Тиквеш 19, Прилеп 16, Работнички 9, Младост 1977 6.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот