Суперлига: Пелистер не го дава првото место, совладан и Феникс 2010

феникс 2010 пелистер
Битолчани беа подобри во дуелот против Феникс 2010/Фото: kfsm.mk

Лидерот на табелата ја потврди улогата на фаворит во дуелот со Феникс 2010 (77:69) на почетокот на вториот дел од македонското првенство.

Водечкиот во шампионатот влезе одлично во првиот натпревар од Суперлигата. Битолчани доминираа во првото полувреме во кое се стекнаа и со двоцифрена предност. На полувремето водеа со 42:32, но на почетокот на вториот дел, работите почнаа да се менуваат на подобро, за домашната екипа.

Со серија од 8:2, домаќините, во чии редови се врати младиот репрезентативец Андреј Митревски, а во меѓувреме останаа без еден од носителите на играта, Двејн Морган, се приближија на 40:44. Но, екипата од Битола успеа да го одбие тој напад, и тој период од играта го задржа високото водство. По 30 минути, Пелистер водеше со нешто повисоки 57:45.

Слично како третиот, почна и последниот дел од играта. Со серија од седум поени, Феникс 2010 се симна на само два напади заостанување (52:57). Уште еднаш нивната серија, со тројка, ја прекина искусниот Караџовски (60:52). Доста долго време на семафорот во СЦ „Јане Сандански“ стоеше истиот резултат. И неверојатно исто се одвиваа настаните и во четвртата четвртина во која гостите од Битола, парцијално, изедначија на 10:10. И во 36 минута одново имаа двоцифрен „плус од 12“ поени (67:55).

Младиот состав кој го предводи Денис Дервишевиќ немаше намера да се предаде. Но „зелено-белите“ имаа во овој момент далеку поголемо искуство, и рутински ги одработија преостанатите четири минути. За прв триумф во вториот дел од сезоната, и уште една одбрана на првата позиција.

СУПЕРЛИГА

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 1. КОЛО

Феникс 2010 – Пелистер 69:77

Еуро Никел 2005 – Гостивар 82:72

20. АПРИЛ (СРЕДА):

19.00 часот: ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ТАБЕЛА: Пелистер (21-2), МЗТ Скопје Аеродром (19-3), Еуро Никел 2005 (15-8), Гостивар (13-10), ТФТ (13-9), Феникс 2010 (12-11)

Видео на денот