Суперлига: МЗТ едвај со Пелистер, непријатно изненаден Работнички!

Денеска се одиграа три натпревари петтото коло во најсилната македонска кошаркарска лига, со едно големо изненадување кое го направи ФМП Академија.

Бранителот на титулата МЗТ Скопје триумфираше на гостувањето кај Пелистер со 84:89 (18:21, 31:21, 14:25, 21:22) за вкупно четврта победа сезонава.

Џабари беше најефикасен во редовите на „металците“ со 34 поени (четири асистенции), а за битолскиот клуб 20 поени и пет скокови беа дело на Враниќ.

Голем шок за еден од кандидатите сезонава за шампионската титула, Работнички загуби неочекувано од многу послаборангираниот состав на ФМП Академија со 87:83 (18:26, 23:24, 18:14, 28:19).

Во победничките редови доминираше Нацевски со 24 поени (четири скокови), а во тимот од Градски парк недоволни беа 37 поени (пет скокови) на Мијатовиќ.

Да додадеме уште дека Куманово ја оправда фаворитската улога пред своите навивачи и предводен од Србинот Миладиновиќ (26 поени, 12 скокови) беше подобар од Вардар со 81:70 (12:16, 31:14, 22:21, 16:19).

На табелата сега на делба на првото место се Работнички и МЗТ Скопје со по девет бодови, а третопласиран е Куманово (осум).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот