Суперлига: Дербито за Бутел, убедливи победи на Охрид и Еурофарм Пелистер 2

Фото: РК Алкалоид

Бутел и Алкалоид го играа дербито на колото во ракометната Суперлига, а на крајот мечот заврши со победа на домаќините од 28:27.

Натпреварот беше одлучен со гол во последните секунди. Бутел така му врати на новиот суперлигаш за поразот во првиот меѓусебен натпревар во октомври. За двете екипи ова беше последен дуел во 2022 година. Напролет ќе ја продолжат борбата за плеј-офот.

Натпреварот започна во знакот на Бутел, домаќините поведоа со 5:1. Алкалоид иако е препознатлив по својот напад реализираше само еднаш во првите десет минути. Подобар тимот предводен од Кире Лазаров беше во завршницата од полувремето кога направија пресврт од 12:9 до 12:13. Сепак, на пауза се замина со нерешен резултат 14:14.

Во второто полувреме двете екипи повеќе пати се менуваа во водството. Буквално се решаваше се во последните секунди. Бутел го искористи исклучувањето на Стојковиќ на 40 секунди до крајот при 27:27 и успеа да слави победа. Филип Николов беше најефиаксниот со 11 гола, додека кај Алкалоид Мартин Серафимов постигна осум гола.

Во останатите два натпревари Охрид беше сигурен против Вардар Неготино со 21:27 и Еурофарм Пелистер 2 дојде до убедлива победа со Јуниор Кисела Вода 33:23.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот