Суперхикс се враќаат со нов сингл насловен „Крута“

Фото: Принтскрин/Facebook

Суперхикс Банда Инструментале e бенд кој приближно три децении ја забавува македонската јавност со своите песни и енергични настапи во живо.

Сега го објавија својот нов сингл насловен „Крута“ кој го снимиле во текот на месец јуни оваа година во студиото „ТРА ЛА ЛА“ на Мите Димовски, а истиот е првиот од неколкуте нови синглови на Суперхикс кои публиката ги очекува со нетрпение

Бендот го најави и новиот студиски албум кој треба да излезе наскоро, а во меѓувреме ги гледаме на концерти ширум Македонија.

Видео на денот