„Супер Марио“ има понуда од Премиер лигата!?

фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Додека „лудо“ се забавува на одмор, поради што се најде и во проблеми со полицијата, Марио Балотели истовремено има и понуди за трансфер ова лето.

После полусезоната во Марсеј, Балотели сега е слободен во изборот на нова средина, според британскиот „Телеграф“ за неговите услуги е заинтересиран Вест Хем.

Споменатиот клуб официјално остана без Марко Арнаутовиќ кој одлучи да направи трансфер во кинескиот клуб Шангај СИПГ, а премиерлигашот заработи 25 милиони евра.

Доколку не успеат „чеканите“ да го ангажираат Макси Лопез од Селта (во трката за овој играч е и Валенсија), тогаш погледите ќе бидат насочени кон Балотели.

Во Франција освен за Марсеј, настапуваше и за Ница, а во Премиер лигата беше дел од Манчестер сити и Ливерпул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот