Супер лига: Вардар денеска во дербито против Е. Пелистер

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Натпреварот од четвртото коло од домашната машка Супер лига меѓу Вардар1961 и Е. Пелистер ќе се игра денеска од 18.00 часот во СЦ „Јане Сандански”.

Моментно и двете екипи досега имаат максимален учинок со по девет бодови на делба на првото место. Потсетување дека влезот за ова дерби е слободен за сите љубители на ракометот кои сакаат да го гледаат мечот.

На самиот влез секој гледач ќе треба да покаже:

* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или

*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст. Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата.

Сезонава Вардар триумфираше против Е. Пелистер во финалето на турнирот во Струга, а претходно битолчани беа подобри и го освоија Супер купот.

Играчите на Веселин Вујовиќ имаат згуснат распоред паралелно со настапите во Лигата на шампионите и домашното првенство. Оваа нова пресметка против екипата на Жељко Бабиќ ќе биде добра подготвка за скопскиот клуб пред дуелот со данскиот Алборг за три дена.

Покрај мечот Вардар – Е. Пелистер, во истиот термин денеска ќе играат Скопје 2020 – Прилеп, а од 19.00 часот Тиквеш се соочува со Металург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот