Супер лига: Вардар 1961 на две победи од рекордната 14 титула

Фото: rkvardar.mk

Вардар 1961 денеска ги освои бодовите од гостувањето во Струга каде домаќинот настапи со само 11 играчи, а скопските „црвено-црни“ на теренот играа со „вториот тим” и на крајот триумфираа со 32:22 (15:10) во 12 коло од машката Супер лига.

За играчите предводени од тренерот Стевче Алушовски остануваат уште две средби на кои треба да победат за да ја прослават рекордната 14 титула.

На денешната пресметка прв стрелец во победата беше Димитар Димитриоски со 12 голови, а за стружани Филип Пајкоски и Христијан Крстаноски реализираа по шест погодоци.

На две кола до крајот на првенството Вардар има 33 бода, исто колку и Е. Пелистер, но скопјани се со подобра меѓусебна гол разлика.

Струга останува на последното осмо место на табелата во плејофот со само три бода, и без победа пролетва во разигрувањето за титулата. Во следното коло Вардар гостува кај Пролет, а Струга го игра „езерското дерби” со Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот