„Супер компјутер“ го предвидува шампионот сезонава во Премиер лигата!

Фото: EPA-EFE/Peter Powell/NMC/Pool

Моментно на табелата во Премиер лигата после осум кола, иако осмата рунда се уште сè
не е комплетирана, води Лестер со 18 бодови, пред Тотенхем и Ливерпул кои имаат по 17, а четвртопласиран е Саутемптон со 16.

Титулата од минатата сезона ја брани Ливерпул, а како што информира „Sportbible“, клубот од Енфилд на крајот од оваа сезона (2020/21) успешно ќе го одбрани тронот, барем според резултатите  од т.н. „Супер компјутер“.

На втората позиција ќе заврши Манчестер сити, а редоследно од третото до шестото место ќе се најдат екипите на Челси, Тотенхем, Лестер и Арсенал.

Се очекува во понизок ранг, односно во Чемпионшип да испаднат Барнли, Вест Бромвич и Фулам, а Лидс на македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски ќе обезбеди опстанок.

Конечниот пласман во Премиер лигата за сезоната 2020/21 според „Супер компјутер“:

1.Ливерпул
2.Манчестер сити
3.Челси
4.Тотенхем
5.Лестер
6.Арсенал

7.Евертон
8.Манчестер јунајтед
9.Саутемптон
10.Астон Вила
11.Вулверхемптон
12.Вест Хем

13.Кристал Палас
14.Њукасл
15.Лидс
16.Брајтон
17.Шефилд јунајтед

18.Барнли
19.Вест Бромвич
20.Фулам

Сити и Ливерпул ги поделија бодовите, Де Брујне трагичар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот