Супер директор: Им поделил на вработените 1,6 милиони долари што ги заработил на берза

Лeри Конор, директор на американска компанија, за само осум дена заработил 1,6 милиони долари на берзата и одлучил да им ги даде на своите вработени, пренесува Си-ен-ен.

– Овие се тешки времиња, но начинот на кој реагираа нашите луѓе беше херојски. Почнав да размислувам за основните вредности на нашата компанија: Направи ја вистинската работа и погрижи се за луѓето. Сите 1,6 милиони долари ќе ги споделам меѓу вас. Не го сметам за подарок, вие тоа го заработивте – рекол Конор.

принтскрин

Компанијата за недвижности има околу 400 вработени и повеќето од нив продолжиле да работат во текот на пандемијата.

Парите ќе им бидат поделени на вработените во форма на бонуси во износ од 2.000 до 9.000 долари, во зависност од нивната позиција во компанијата, објаснила портпаролката Аманда Браун, која додала дека бонуси нема да добијат вработените чија плата е поголема од150.000 долари годишно.

Просечната плата на вработениот што ќе добие бонус е околу 42.000 долари годишно.

Освен овој бонус, компанијата ветила дека ќе ги плати сите неочекувани трошоци на децата на вработените и дека ќе ја прошири својата програма за заем за вработени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот