Супер дедо од Индија го победи коронавирусот на 104 години – пред 100 години ја преживеал шпанската треска

epa08352544 Kashmiri doctors wearing protective suits walk inside a hospital in Srinagar, the summer capital of Indian Kashmir, 09 April 2020. Regional government has declared 45 areas as red zones in Union Territory of Jammu and Kashmir and has restricted the civilian movement in these areas to contain the spread of Coronavirus pandemic. EPA-EFE/FAROOQ KHAN

Лекарите се изненадени од неговото опоравување, зошто поради годините имунитетот му е ослабен.

Индиец стар 106 години може да ја понесе титулата супер дедо. Тој како дете ја преживеал шпанската треска во 1918 година, а сега ја победи короната.

Овој супер дедо е излекуван и отпуштен од болница во која ја лекување од ковид -19 останаа неговиот син (70), сопругата и другите членови на семејството, исто така заболени од оваа болест, пишуваат индиските медиуми.

„Тој досега е единствен пациент кој ја преживеал шпанската треска и новиот коронавирус. Не само што се опорави, туку неговото опоравување беше побрзо од помладите членови на неговото семејство“, рече еден од лекарите на клиниката „Раџив Ганди“. Лекарите се изненадени од неговото опоравување, зошто поради годините имунитетот му е ослабен.

Како што рекоа, не постои официјална потврда дали овој старец бил болен од шпанска треска, зошто не постои документација од тоа време. Меѓутоа, тој тогаш имал 4 години и многу е веројатно дека бил заразен од болеста која ги погодувала и децата и младите.

Шпанската треска или грип кој во три бранови во текот на 1918 година однесе меѓу 17 и 40 милиони животи, во зависност од проценките, многу тешко ја погодила Индија. Се смета дека дури петтина од светските жртви биле во таа земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот