Сунак со критики кон Путин: Да беше тука може ќе ги решевме проблемите

Риши Сунак/ Фото EPA-EFE/DITA ALANGKARA /

Британскиот премиер Риши Сунак денеска на отворањето на самитот на Г-20 на Бали изјави дека рускиот претседател Владимир Путин требало да биде подготвен да се соочи со светските лидери на самитот поради војната во Украина.

На отворањето на самитот, на кој присуствуваше и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, Сунак ја осуди руската инвазија на Украина и нападите врз цивили, предупредувајќи ги светските лидери на заканата за меѓународниот поредок, пишува Гардијан.

Сунак истакна дека е очигледно оти Путин не се чувствува способен да се приклучи на самитот, а доколку дојдеше, вели тој, можеше да почне да ги решава проблемите поврзани со војната во Украина.

– Еден човек има моќ да го промени сето ова – рече Сунак на самитот, на кој зборуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави британскиот весник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот