„Summerland 2019“ – Фестивал во Градски парк со музика и активности за сите возрасти

Од четврти до 28 јули годинава првпат во Скопје ќе се одржи фестивалот „Summerland 2019″. Во Градски парк, со главна бина на Школка, секојдневно ќе има музичка програма и забавни активности за сите возрасти.

Покрај музичките изведувачи кои ќе настапуваат секој ден, во рамки на фестивалот ќе има и Fun зона со друштвени и видео игри, флипери, фудбалчиња и табла. За најмладите ќе има детско катче со едукативни и забавни настани, а предвидени се и изложби, цртање во живо, часови по танц, спортски активности, панел дискусии, кино на отворено и уште многу содржини.

Отворањето на „Summerland” е во четврток, а забавната програма ќе се одвива секојдневно од 18.00 до 00.30. Летната забава на Школка, во четврток ќе почне со групата „Нокаут“. Во петок ќе настапат ЕКВ, Бјиело Дугме Трибјут и Ѓорѓе Балашевиќ Трибјут, а во сабота и недела ќе има странски артисти кои прават светски шоуа со трибјути на Арктик Манкис и Џо Кокер и Ајрон Мејден и Металика.

Фестивалот „Summerland” е под покровителство на Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот