Сумата за К-15 стигна до 11.300 денари

Фото: Janusz Pieńkowski / Alamy / Alamy / Profimedia

Приватниот сектор до крајот на годинава треба на вработените да им исплати регрес за годишен одмор, обврска што е уредена со Општиот колективен договор за приватниот сектор. Сумата на минималниот К-15 во октомври се искачи над 11.300 денари, а за исплата останаа уште два месеца.

Годинава, како што пишуваше „Слободен печат“, работодавачите добија можност за исплата на двојно повисок регрес, за кој не би платиле данок на државата, поради мерката од антикризниот пакет со која е зголемен прагот на даночно ослободување за оваа намена. Од ССС оценија дека оваа законска измена имала ефект и дека дел од работодавачите во чии фирми има синдикат, на своите вработени им исплатиле регрес и до 100 отсто од просечната плата.

– Радува фактот што дел од работодавачите исплаќаа и 100 проценти од просечната плата, па така некои работници зедоа и по 28.000 денари, колку што изнесуваше просечната плата за јуни. Овој наш предлог е дел од Петтиот пакет антикризни мерки, а се покажа дека даночното ослободување е добра можност за работодавачите – рекоа од ССМ за „Слободен печат“.

Во ССМ се регистрирани пријави од работници за повеќе од 100 работодавачи што не исплатиле во целост или исплатиле помалку К-15 за 2020 година. За оние работодавачи кои ќе исплатат, а потоа ќе си ги бараат парите назад, следува затворска казна. По дваесетина години и дел од административците во август добија К-15. Инаку, К-15 стапи на сила во 2014 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот