СУЛЕЈМАНИ ИДЕНТИФИКУВАН ПО ПРСТЕНОТ: Нападот бил извршен со дрон, загинаа вкупно седум лица

Висок ирачки службеник за безбедност изјави дека нападот бил извршен со дрон недалеку од карго-зоната на аеродромот.

Командантот на Иранската револуционерна гарда, Касим Сулејмани, кој беше убиен утрово во американски воздушен напад во Ирак, е идентификуван по прстен на раката бидејќи неговото тело било разнесено, изјави неименуван ирачки политичар за американски медиуми.

Висок ирачки службеник за безбедност изјави дека нападот бил извршен со дрон недалеку од карго-зоната на аеродромот, откако Сулејмани излегол од авионот и му се придружил на Абу Махди ал-Мухандис, командант на проиранските ирачки сили ПМФ и други во автомобили.

Двајца официјални претставници на ПМФ соопштија дека телото на Сулејмани е распарчено во експлозијата и дека не го пронашле телото на Ал-Мухандис.

Седум други лица загинаа во конвојот, меѓу кои и зетот на Сулејмани, објави „Билд”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот