Сулејман од ЗНМ: Бавноста на надлежните органи како да ги охрабрува насилниците да продолжат да се закануваат (ВИДЕО)

Во првата фаза од скринингот беа опфатени новинарите и медиумските работници кои работат во весниците, во телевизиите, односно медиумите со поголеми редакции. Во првата фаза за коронавирус беа тестирани 600 луѓе од кои околу 5% резултираа како позитивни, односно со зголемен број на анти тела кои беа повикани да направат ПЦР тест, изјави во Утрински брифинг на Слободна ТВ, Дениз Сулејман од ЗНМ.

Тој посочи дека деновиве е започната втората фаза од скринингот која опфаќа работници од онлајн медиуми како и новинари од другите градови во државата.

Околу заканите кои што новинарите се почесто ги добиваат на социјалните мрежи заради објавени текстови, Сулејман вели дека ЗНМ подолго време соработува со МВР и ЈО.

– За жал постои тренд на голем број закани кои новинарите ги добиваат на социјалните мрежи, и тоа влегува во делот на т.н. он лајн насилство. Редовно соработуваме со мвр, но мое видување е дека бавноста на институциите во спроведување на законите како да ги охрабрува насилниците да продолжат да се закануваат, бидејќи имаме случај акде едно лице се заканува на повеќе новинари и тоа само кажува дека неказнивоста раѓа нови закани коишто за жал продолжуваат – вели Сулејман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот