Сугарески: Забрзано се гради патот до Бугарија

Фото: МИА

Државата ќе инвестира во изградба на нов експресен пат од Струмица до македонско – бугарската граница кај граничниот премин Ново Село.

Ова во изјава за медиумите го истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов денеска беа на увид во рехабилитацијата на регионалниот пат Струмица – Ново Село.

Регионалниот пат Струмица – Ново Село се рехабилитира во должина од 12,3 километри, а вредноста на инвестицијата изнесува 1,8 милиони евра. Се менува дотраениот асфалт на коловозот со нoв.

– Практично, ако тргнете од Скопје кон Истокот или Југоистокот, го изградивме автопатот до Штип, интензивно работиме на експресниот пат Штип – Радовиш, еве го рехабилитираме и патот од Струмица до Ново Село, така што имаме брза врска до цел регион, што е од огромно значење за економскиот раст на земјата – изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот