Сугарески: Транспортот во моментов се одвива без проблем, продолжува рехабилитацијата на патиштата

фото Архива

Со уредби со сила на закон, предложени од Министерството за транспорт и врски, правиме се што е во наша можност и ценам дека транспортот во моментов се одвива без проблем, потенцираше денеска во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, министерот Горан Сугарески.

-Сите обврски кои Транспорт ги презеде, заедно со Кризниот штаб на Владата, меѓу кои уредби со законска сила, правиме транспортот да движи и тоа се случува без проблеми. Издадовме дозволи во согласност Царинската управа и македонските асоцијации, да движат транспортерите низ граничните премини и добиваат дозволи и минуваат без проблем кога регулира полицијата, изјави Сугарески.

Тој рече дека иако има штети во транспортската гранка, Владата работи тие да бидат што е можно помали.

-Со уредбите правиме одредени олеснувања со цел да помогнеме кај транспортните претпријатија. Продолжени се сертификатите. Дополнително донесовме уредби за шоферите, зголемивме времетраење на возење и паузи. По ѕвонењето на телефонот знам колку проблеми има на границите. Засега телефонот не е толку активен што значи се се одвива без проблем, рече тој.

Сугарески вели уште пред пандимијата да земе замав, јасно било дека 2020 е сериозна економска година во делот на капиталните инвестиции и рече дека не се откажува од нив.

-Дел од тие проекти се одвиваат, временските услови се поголем проблем… Во вакви услови многу е важно да се одвиваат капиталните инвестиции, бидејќи градежната сезона веќе е почната да фукционира. Продолжуваат рехабилитации на патишта. Дел од водоводи, канализација, се што е планирано преку министерството, продолжува и очекувам максимално да продолжат обврските, изјави министерот.

Сугарески напомена дека неговиот сектор не може да биде имун на мерките, и полицискиот час влијае во одредени сегменти од работењето, но во делот на капиталните инвестиции, односно државните коридори, доколку дозволат временските услови, ќе продолжи да се работи на нив.

Како дел од Кризниот штаб на Владата, а во однос на економските мерки, односно олеснувата кои банките им ги нудат на граѓаните, Сугарески порача дека и тие мора да излезат во пресрет.

-Моментот мора сите да го чувствуваме. Не е работата да не плаќаат и тие кои се во можност. Ако моментот го сфатиме сите и се придржувам, рече Сугарески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот