Сугарески: Со овие проекти во зоната Визбегово ќе се обидеме да привлечеме нови инвеститори

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, денеска извршија увид во изградба на канализациониот систем за индустриската зона Визбегово.

Министерот Сугарески потенцираше дека изградбата се одвива со одлична динамика и дека ова е најзначајниот проект за зоната Визбегово, бидејќи тоа е услов за подобрување на работата на сите инвеститори.

– Предвидено е да се изгради околу 7 километри метри водоводна мрежа и околу 5 километри канализација во индустриската зона Визбегово. Во прва фаза започнавме со изградба на водоводната мрежа каде планираме да ја завршиме до февруари најдоцна до март следната година.

Додека за изградбата на канализацијата, тендер ќе распишеме во месец август или почеток на септември оваа година. Тоа што е важно е фактот што го исполнуваме ветувањето што го дадовме пред бизнисмените кои работат во зоната. Знаеме колку е важно да се изгради водоводот и канализацијата. Со него не само што ќе овозможиме подобри услови за работа на постоечките компании, туку ќе создадеме услови да се изградат нови фабрики и да се отворат нови работни места – изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски потенцираше дека ова е прва фаза од уредување на зоната. Откако ќе се изгради комуналната инфраструктура, општината ќе започне и со реконструкција на патната инфраструктура во зоната.

– Во зоната имаме 220 фирми кои активно работат, имаме и десетина нови барања од компании. Очекуваме со изградбата на инфраструктурата додополнително да привлечеме нови инвеститори”, изјави Велимир Смилевски, градоначалник на опшптина Бутел.

Проектот за изградба на канализациониот систем во зоната Визбегово е вреден 1,8 милиони евра. Рокот на завршување е месец февруари идната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот