Сугарески: Со изградба на канализациона мрежа во Брвеница решаваме клучно прашање на 4.000 жители

Mинистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески беше во работна посета на општина Брвеница, каде изврши увид во изградбата на канализациона мрежа и колектор за отпадни води.

Проектот е со вредност 325 илјади евра, се реализира преку Министерството за транспорт и врски и опфаќа изградба на канализациона мрежа со должина од 4,4 километри и изградна на колектор за отпадни води.

– Овој проект е од огромно значење за околу 4000 жители на населените места Брвеница и Долно Седларце. Со негова реализација, покрај подобрувањето на квалитетот на граѓаните, истовремено придонесуваме и за заштита на животната средина, на што како Влада посветуваме особено внимание. Министерството за транспорт и врски овозможува голема поддршка на општините за реализација на комунални проекти. Преку изградба и реконструкција на водоводи и канализации имаме за цел да го подигнеме квалитетот на живот на сите граѓани. Во таа насока, само во овој момент работиме на преку дваесетина проекти во комуналната инфраструктура, а исто толку веќе се подготвуваат и за следната година”, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Градоначалникот на општина Брвеница, Енвер Пајазити истакна дека изградбата на канализациона мрежа и колекторот за отпадни води се од круцијално значење за жителите на Брвеница и нагласи дека веќе од утре ќе бидат ставени во функција.

Министерот Сугарески информираше и за проектот за подобрување на локалните патишта и истакна дека од следниот месец вкупно 70 милиони евра наменети за изградба и санација на локални патишта и улици ќе бидат достапни за општините. Министерот испрати апел до сите локални самоуправи да подготват проекти и да ги достават до Министерството за транспорт и врски, со цел веднаш да се тендерираат и со самиот почеток на следната година да започне нивната реализација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот