Сугарески: Опозицијата намерно го блокира законот за дивоградби

Горан Сугарески/ Фото: МИА

Министерот вели дека од страна на пратениците на ВМРО ДПМНЕ се поднесени околу 1.000 амандмани.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска одржа прес-конференција на која истакна дека пратениците на ВМРО ДПМНЕ намерно го блокираат донесувањето на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, поднесувајќи околу 1.000 амандмани.

Министерот Сугарески потенцираше дека пратениците на ВМРО ДПМНЕ, блокирајќи го донесувањето на Законот за легализација, оставаат преку стотина илјади граѓани во неможност да остварат законска сопственост на своите домови.

– Законот за легализација кој го предлага Министерство за транспорт и врски има јасна цел:  да стави крај на узурпацијата на просторот и да им овозможи на граѓаните да добијат законска сопственост над своите домови. ВМРО ДПМНЕ, во неможост да понуди квалитетни законски решенија си игра со трпението на граѓаните. Пратениците на оваа партија поднесоа околу 1 000 амандмани, со што намерно го закочија донесувањето на Законот, оставајќи мала веројатност тој биде изгласан пред распуштањето на Парламентот”, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Министерот Сугарески уште еднаш упати апел до пратениците да покажат конструктивност и да го изгласаат Законот за постапување со бесправно изградени објекти, во интерес на граѓаните и државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот