Сугарески: Нема вмешани функционери во „Рекет“, ако се докаже спротивното ќе понесеме одговорност! - Слободен печат

Сугарески: Нема вмешани функционери во „Рекет“, ако се докаже спротивното ќе понесеме одговорност!

Остануваме посветени на заложбата од Декларацијата што ја донесовме за борба против криминал и корупција, комуникацијата во партијата е одлична меѓу сите функционери, судските органи можат да ги употребат сите алатки за кој било функционер од СДСМ.

Ова денеска го истакна денеска членот на  Централниот одбор на СДСМ Горан Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања во однос на објавата на документ од истрагата за случајот „Рекет“ во дел од порталите,  по што вчера премиерот Зоран Заев, министрите Никола Димитров и Радмила  Шекеринска и пратеничката Фросина Ременски најавија тужби и отфрлија каква било вмешаност.

– Според нашите сознанија нема вмешани функционери на СДСМ во овие случаи. Добар дел, без оглед дали е тоа Фејсбук статус, тоа е нивна изјава, многу јасно го кажаа она што го мислат, наведе Сугарески,  оценувајќи дека комуникацијата во партијата е одлична меѓу сите функционери.

Прочитајте и...  РАЗДВИЖЕНО ВО ПАРТИСКИТЕ ШТАБОВИ: Програмите за избори се при крај, сите партии особено ќе се фокусираат НА ЕДНА РАБОТА

Како што нагласи, судските органи и Јавното обвинителство можат да проверат се за кој било во партијата.

-Подготвени сме доколку се докаже некаква одговорност за кој било функционер да ја понесеме одговорноста. Апсолутно нема простор кој било да биде амнестиран поради тоа што е на која било позиција во владата или во СДСМ. Остануваме посветени на тоа, а судските органи можат да ги употребат сите алатки за кој било функционер од СДСМ, рече Сугарески.

Кај СДСМ, како што вели, има очекување и надеж дека може да дојде до договор помеѓу работните групи со опозициската ВМРО-ДПМНЕ и да се донесе законот за Јавно обвинителство.

– Според моите информации утре продолжуваат разговорите на работните групи со опозицијата за новиот закон за ЈО. СДСМ во изминатиот период инсистираше да се постигне договор и се што прави моментно е во правец на тоа да биде да биде донесен законот за Јавно обвинителство. Од наша страна ќе биде направено се, се надеваме. И вчера премиерот кажа дека предлозите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во најголем дел се внесени во Предлог законот. Очекуваме во наредниот период и реално кај нас постои надеж дека може да се дојде до договор и да не донесе законот за ЈО, рече Сугарески.

Прочитајте и...  Издадени осум сериозни предупредувања за поплави во Британија

Прочитај повеќе

Ордановски: Доколку правосудството сака да испорача правда, тоа ќе го стори

Слободен печат

Напуштениот брод кој повеќе од една година низ Атлантикот пловеше без екипаж „уловен“ во Ирска

Слободен печат

Бектеши: ДУИ нема да формира коалиција со ниту еден субјект што ќе се обиде да го негира Преспанскиот договор

Слободен печат

Сандерс со убедливо водство кај демократите

Слободен печат

Путин го разреши својот советник Сурков, креаторот на „вертикална моќ“

Слободен печат

Трамп помилува седум лица, ја намали и затворската казна на Род Благоевиќ

Слободен печат

Остави Коментар

девет + седум =

Прочитај повеќе

Зеќири: Сега предметите и истрагите се живи, конечно ќе може да се постапува

Слободен печат

На Кинезите им е забранет влез во Русија до 20 февруари

Слободен печат

Светската здравствена организација ја пофали Кина за мерките против коронавирусот

Слободен печат

Отфрлени заклучоците на Република Српска за границата со Федерацијата БиХ

Слободен печат

Калифорниското вино се продава по рекорднo ниски цени

Слободен печат

Трамп: Сè што е поврзано со оваа измамничка истрага на обвинителот Малер да се отфрли

Слободен печат