Сугарески: Нема политиканство, внесувањето на акцизата е исклучително за помагање на граѓаните на нашата држава

Пандемијата не смее да ја спречи изградбата на патиштата, на железницата, ниту на гасоводот, како и на канализациите и водоводите. Во првиот квартал годинава реализацијата на капиталните инвестиции е добра и заклучно со средината на април изнесува 10 отсто. Следниот месец очекуваме дека кризата ќе има помало влијание и ќе се засилат работите на терен. Нашата тенденција е да ги повториме резултатите од лани, рече денеска министерот за транспорт и врски

Проектите, вкупно 21, истакна Сугарески, не се запрени, на нив се работи континуирано и непречено. Можеби се бележи послаба динамика во првите месеци, но тоа е оправдано поради зимските
услови.

-Заклучно со средината на април, реализацијата на капиталните инвестиции е 10 отсто. Тука не влегуваат инвестициите во патната инфраструктура, каде се бележат добри резултати со 21 процент реализација или преку 60 милиони евра. Во делот на комуналната инфраструктура се реализирани преку 110 милиони денари за изградба на водоводи и канализации или 21 процент од планираните
средства преку Европската инвестициска банка и 15 отсто преку проектите од КФВ банката, информира министерот.

Во делот на гасификацијата, од предвидената една милијарда денари, досега се реализирани околу 90 милиони или околу девет проценти. Интензивно се работи на изградба и на водовод и канализација во индустриската зона Визбегово каде реализацијата е над 60 отсто. Се
работи и на проекти во Битола, Кавадарци, Радовиш, Велес, Липково, Теарце, Чашка и други општини.

-Очекуваме сите проекти предвидени во Буџетот на Министерството да се завршат согласно планот и динамиката, потенцира Сугарески. Додаде и дека се реализирани сите средства предвидени со Декадата на Ромите

Од планираните 94 милиони денари финансиска поддршка за авиокомпаниите, досега се исплатени 21 милион или 22 процента, рече Сугарески.

Министерот рече дека договорот со „Визер” моментно е во мирување заради настаната состојба и откажувањето на сите летови од домашните аеродроми.

Во однос на зголемувањето на акцизата на горивата тој рече дека е антикризна мерка, а не мерка за да им се направи товар на граѓаните.

Запрашан за став по најавите за протест од страна на транспортерите, Сугарески потенцираше дека горивата се за 20 денари поевтини во споредба со последните месеци од минатата и почетокот на оваа година, истакнувајќи дека сите чинители во државата мора да покажат солидарност.

„Нема никакво калкулантство, нема политиканство, внесувањето на акцизата е исклучително за помагање на граѓаните на нашата држава“, рече Сугарески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот