Сугарески: Инвестираме 1,3 милиони евра во рехабилитација на патот Фурка-Богданци-Гевгелија

– Инвестираме 1,3 милиони евра во рехабилитација на регионалниот пат Фурка – Богданци – Гевгелија и 1 милион евра за реконструкција на патот Смоквица – Прдејци, со што решаваме еден од најголемите проблеми на жителите во овој регион – истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески при денешната посета на општина Богданци.

Тој, заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков и градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов, направија обиколка на инфраструктурните проекти што државата ги реализира во овој регион.

Во изјава за медиумите, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески истакна:
„Покрај овие проекти, завршивме со рехабилитација и на неколку други регионални патишта, генерално работиме на подобрување на целокупната патна мрежа во регионот.
Она што е особено важно е дека ќе ја реконструираме делницата на автопатот од Гевгелија до граница и практично тоа е делот што недостасува за да имаме комплетно модернизиран автопат на Коридорот 10. Унапредувањето на инфраструктурата во државата и понатаму останува стратешки приоритет на Владата. Во таа насока продолжуваме со оние крупни инвестиции што ги најавивме: рехабилитирање на преку 400 км патишта, гасификација на земјата, изградба на железницата и подобрување на комуналната мрежа“, изјави министерот.

Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов истакна дека ова е еден од најоштетените патишта во државата, кој околу 50 години не бил реконструиран.

– Во овој регион го завршивме и патот од Гевгелија до Негорци, а на барање на граѓаните ќе го реконструираме и прошириме делот од Богородица до Богданци и ќе ја реконструираме обиколницата на Богданци. Проектната документација за овие проекти е во тек и веднаш по нејзиното завршување, некаде во септември, ќе бидат распишани јавни повици за избор на Изведувач и ќе се започне со градежните работи. Во периодот што следува, по завршувањето на туристичката сезона, планираме со отпочнување на уште два проекти, а тоа е рехабилитација на патот од Стар Дојран до граница и од Раброво кон Фурка“– изјави директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов.

Директорот Китанов додаде дека за само година и 2 месеци почна првото пробно асфалтирање на експресниот пат Штип – Радовиш, отпочнати се и работите од Крупиште до Кочани, а привршува изградбата на делницата од Штип до Крупиште.

Градоначалниците на Богданци и Гевгелија истакнаа дека унапредувањето на патната инфраструктура е од особено значење за граѓаните и за економски развој на регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот