Сугарески: 613 милиони евра наменети за инфраструктурни проекти во Охридско – Струшкиот регион

Годинава планираме значително да го подигнеме нивото на капиталните инвестиции за што предвидовме нови проекти за подобрување на целокупната инфраструктура во државата, вели министерот за транспорт и врски.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов и градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски извршиja увид во рехабилитацијата на регионалниот пат Вевчани-Октиси кон граничниот премин Ќафасан.

Патниот правец е дел од програмата на ЈП за државни патишта за 2019 година. Рехабилитацијата е започната минатата година во должина од 8 километри, а вредноста на инвестицијата изнесува 670 илјади евра.

„Покрај реализацијата на веќе започнатите проекти, годинава планираме значително да го подигнеме нивото на капиталните инвестиции за што предвидовме нови проекти за подобрување на целокупната инфраструктура во државата. Покрај изградбата на автопатот Кичево-Охрид како најкрупна инвестиција, во тек се рехабилитации на повеќе патни правци во овој регион, а во текот на следниот период започнуваме со рехабилитација на патните правци Охрид – Свети Наум, Струга – Ќафасан, истакна Сугарески.

Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов во однос на автопатот Кичево-Охрид, истакна дека очекува до почетокот на летната сезона да бидат пуштени 5 километри од двете страни, а до крајот на годината да бидат пуштени во употреба околу 15 километри од автопатот.

Градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски изјави дека после 15 години државата за прв пат инвестира во подобрување на патната мрежа во Вевчанскиот крај, што е од огромно значење како за квалитетот на живот на граѓаните, така и за поттикнување на туризмот и локалниот економски развој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот