Судскиот совет и Советот за јавни обвинители да ги повлечат членовите што ги предложиле за во управен одбор на Акадамијата, бара Антикорупциска
Советот на јавни обвинители и Судскиот совет назначиле членови во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители од сопствените редови, но треба да ја стави оваа одлука вон сила, констатираше на денешната седница Антикорупциска комисија.
-Судскиот совет до Академијата доставил номинации за членови во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители – двајца членови на судскиот совет, а за заменици судија од Штип и судија од Ресен. Советот за јавни обвинители, доставил номинации за членови во Управниот одбор на Академијата – двајца членови од Советот за јавни обвинители а за заменици ги предложил јавните обвинители од Штип и од Куманово. ДКСК констатира дека избрано и именувано лице не може да е член на управен одбор или на надзорен одбор. Забраната се однесува и на случајов кој не е исклучок, поради недозволена акумулација на две функции, беше кажано на седницата на Антикорупциска.
Донесена беше одлука ДКСК од судскиот и од советот за јавни обвинители да побара ставање вон сила на своите одлуки за именување лица во УО на Академијата на судии и јавни обвинители од своите редови.