Судскиот совет го разреши Владимир Панчевски

Фото: Архива на „Слободен печат“

Судскиот совет денеска со девет гласа „за“ и еден против изгласа разрешување од судиската функција на порашениот претседател на Кривичен, Владимир Панчевски, пренесува Телма. 

За Панчевски се водеше постапка за нестручно и несовесно работење, а од летото е и суспендиран од работното место судија за прекршоци во Основниот суд Скопје еден.

Тој е обвинет и за злоупотреба на службена положба за распределувањето на предметите преку АКМИС системот, но судењето не е почнато бидејќи неколку пати се одложува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот