Судскиот совет го осуди однесувањето на Рускоска

Судскиот совет на Република Северна Македонија најостро го осудува однесување на јавната обвинителка Вилма Рускоска.

Од Судскиот совет на Република Северна Македонија во денешното соопштение наведуваат дека како самостоен и независен орган на судството е основан со цел да ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, преку остварување на своите функции согласно Уставот и законите.

„Заради остварување на оваа цел, а по повод изјавата на јавниот обвинител за организиран криминал и корупција – Скопје, Вилма Рускоска, во врска со законитоста на Одлуката на Кривичниот совет при Апелацискиот суд Скопје за определување на мерката – куќен притвор, за обвинетата Катица Јанева, по спроведениот увид во Апелацискиот суд, Судскиот совет констатира дека ваквите изјави сo закана спрема судиите, од еден од учесниците во судските постапки претставува:

– Грубо кршење на принципот на еднаквост и рамноправност на учесниците во кривична постапка;

– Влијание врз јавноста по однос на законитоста на судската одлука спротивно на Уставот и позитивните законски прописи;

– Злоупотреба на правата во судска постапка;

– Недозволено мешање и притисок врз судиите при донесувањето на судски одлуки и

– Нарушување на угледот на судот и судската власт преку создавање на правна несигурност како еден од сегментите на принципот на владеeње на правото“, се наведува во соопштението од Судскиот совет на РСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот