Судски совет ги усвои методологиите за работата на судиите: Секој ќе биде оценуван, ќе се фревидираат цели досиеја

Архива

Судскиот совет на Македонија ги усвои Методологија за оценување на работата на судија врз основа на исполнетост на квалитативните критериуми за судиско работење и Образец за оценување и бодување на исполнетост на квалитативните критериуми за работата на судијата, како и Методологијата за квалитативно оценување на претседателите на судовите и Образецот за квалитативно оценување на претседатели на судовите.

Како што е објавено на веб страната на Судскиот совет, на седницата одржана на 18 декември,  усвоени се и Упатството за начинот на пресметување на ефективни работни часови, Програма за работа на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2021 година, како и Интерниот план  за следење и за оценување на работата на судовите, судиите и претседателите на судовите за период од 01.01.2021 додина до 31.12.2021 година.

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, промовирајќи ги 10-те приоритети на Владата за следната 2021 година наречени „Акција 21″, како прв на листата го посочи прочистувањето на правосудството.

Говорејќи за моделот на прочистување или филтрација, посочи дека е во завршна фаза и дека на него работеле првенствено претставници на Судскиот совет, на Советот на јавни обвинители, со поддршка на академската јавност и дека токму тие ќе го усвојат моделот што сами го креираат и што ќе го спроведуваат.

– Ќе се ревидираат цели досиеја. Секој судија ќе биде оценуван. Ќе има листа на критериуми кои ќе се прегледуваат за сите судии: Како воделе постапка, како изведувале докази, како се сослушувани сведоци и особено во врска со одредени постапувања по предмети кои беа доведени до застареност со одлагање. Сите тие работи ќе ги поминува Судскиот совет или Советот на јавните обвинители и сето тоа во утврдена временска рамка и транспарентност, истакна Заев.

Најави дека ќе иницираат носење законски измени врз основа на кои Јавното обвинителство ќе мора редовно и постојано да ја информира јавноста за својата работа и за напредокот во предметите кои ги следат граѓаните и за коишто постои посебен јавен интерес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот