Судски извор во Минск: Белорусија издаде меѓународна потерница за Тихановскаја

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Белорусија издаде меѓународна потерница за Светлана Тихановскаја, опозициски кандидат на неодамнешните претседателски избори во земјата, под обвиненија дека повикала да се наштети на белоруската национална безбедност, изјави извор од судството во Минск за агенцијата ТАСС.

Според него, „станува збор за повреда според членот 361 од Кривичниот законик на Белорусија (повици за постапување против државни агенции и институции)”.

Белорусија претходно издаде потерница за апсење, која важи и во Русија, поради билатералниот договор што го имаат овие две земји.

На 9 август, Изборната комисија на Белорусија соопшти дека Александар Лукашенко освоил 80,10 проценти од гласовите, а Тихановскаја 10,12 проценти.

Таа одби да ги прифати резултатите, сметајќи ги наместени, па истиот ден ја напушти Белорусија и замина во соседна Литванија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот