Судската полиција бара повисок додаток на плата или ќе штрајкува

Фото: Слободен печат

Понижувачки е судските полицајци да земаат додаток на плата за ризик на работно место од 750 денари, изјави претседателот на Синдикалната организација на правосудството при Синдикатот на администрацијата и државна управа, Драги Јосевски. Во име на судските полицајци изрази незадоволство со исплатите на додатоци на плата, кои ги оценува како штетни и потценувачки кон вработените во судовите, односно судската служба.

– Додатоците на плата треба да бидат, два до три пати поголеми кон судските службеници, во однос на судиите, така што од тој аспект, ако знаеме дека помалад судски службеник добива 15.000 денари, а платите се тие, ако ги зголемиме два до три пати ќе добиеме 4.500 денари, а судиите ќе останат на минималниот додаток од 6.000 денари и имаме изедначување – изјави Јосевски.

Судскиот буџетски совет одговори дека судската администрација веќе добила покачување на платата и додатоците на плата. Јосевски тврди дека го добиле покачувањето од јануари.

– Тие пет отсто повисока плата што ги добивме, нема врска со додатокот на плата. Тие тоа го искористија само како изговор, за да земат 10 отсто. Судскиот буџетски совет самите одлучуваат за себе колку ќе добијат. Ние добивме само 5 отсто утврдено од јануари, а тие тоа го искористија – вели Јосевски.

Ако не им ги исполнат барањата, најавува штрајк.

– Ние не сме за бел штрајк, туку за најцрн штрајк што може. Ја поздравуваме заложба на УПОЗ и Здружението на судски службеници. Меѓутоа, начинот се разликува. Ние во февруари покренавме таква иницијатива, бевме еден ден во штрајк, кој го уништија токму претставниците на УПОЗ кои се откажаа од нивните лидери овдека во судот (Основен кривичен суд). Тогаш да бевме похрабри, ние денеска ќе имавме многу подобра преговарачка позиција, отколку денес кога треба да почнеме од почеток – рече Јосевски.

Судиите задоволни, судската администрација пред ШТРАЈК

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот