Судска расправа за пожарот во тетовската модуларна болница: Обвинетите не ги добија сите списи, не работел фотокопирот во судот

Обвинетите во судот за случајот со пожарот во тетовската модуларна болница/Фото: Слободен печат

Конечно започна главната судска расправа за случајот со Модуларната болница. Во судницата обвинетите директори Фљорин Бесими и Артан Етеми, како и докторот Бобан Вучески и Клиничка болница Тетово како правно лице се изјаснија дека не се виновни.

Нивната одбрана побара целосен увид во доказниот материјал како и препис кои како што тврдеа не им бил овозможен од судот. Дел од одбрана образложи дека имале увид во дел од списите, но не им бил овозможен препис оти во судот им рекле дека не им работел фотокопирот.

Побарале преписот да се изврши надвор од судот но тоа не им било овозможено. Поради немањето на увид на доказниот материјал одбрана побара да не започнува читањето на доказниот материјал.

Но сепак доказниот материјал обвинителството започна да го чита, на што одбраната на обвинетите реагираше дека не се работи за целосно читање на доказниот материјал како што налага законот туку се читаа само насловите. Побараа целосно да се читаат доказите, на што судијата Јордан Велков побараа 15 минутна пауза за дополнителни консултации.

Четврти обид да почне судењето за пожарот во тетовската модуларната болница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот