Собир за поддршка на Милорад Додик во Бања Лука / Фото: EPA-EFE/NIDAL SALJIC

Судот во Сараево им одреди притвор на Милорад Додик и соработниците

На предлог на Обвинителството на Босна и Херцеговина, Судот на Босна и Херцеговина во Сараево му одреди едномесечен притвор на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, премиерот на тој ентитет, Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ, потврдија од Одделот за информации на Судот на БиХ за „Ал Џазира“, без да соопштат повеќе детали.

Пред неколку дена Додик од говорницата на Народното собрание на РС изјави дека нему, на Стевандиќ и Вишковиќ им е одреден притвор.

„Станува збор за минимум 30 дена притвор, а тој рок може да се продолжи доколку е потребно. Она што можеме да го знаеме е дека тројцата осомничени ќе бидат задржани доколку бидат уапсени или се пријават во Судот на БиХ“, велат од судот за телевизијата.

Откако беа повикани да се појават пред Обвинителството на БиХ, Додик, Стевандиќ и Вишковиќ не се појавија и повеќепати изјавија дека нема да се појават пред Судот на БиХ, како осомничени за уривање на уставниот поредок. Вчера, Парламентот на Република Српска во Бања Лука го изгласа нацрт-уставот, во кој, спротивно на уредувањето на БиХ согласно Дејтонскиот договор, му се дава можност на српскиот ентитет да се отцепи и да се припои кон соседна држава.

Додик претходно беше осуден на една година затвор и шест години забрана за политичко дејствување, поради непочитување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит.

Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) соопшти дека станува збор за операција на апсење со висок ризик, додавајќи дека „поради големиот јавен интерес, како и точни информации, ве известуваме дека СИПА не одбила помош од Судската полиција на БиХ, која се однесува на извршување на наредбата на Обвинителството на БиХ“.

„Имајќи ја предвид сложеноста на ситуацијата, СИПА изврши безбедносна проценка, која беше оценета како високоризична и како таква е доставена до Судската полиција на БиХ, за дополнителни информации до надлежните институции, поточно до Обвинителството на БиХ“, велат од агенцијата.

Обвинителот на Обвинителството на БиХ, Ќазим Хасанспахиќ, утринава издаде наредба Милорад Додик, Радован Вишковиќ и Ненад Стевандиќ да се доведат на распит во Судот, при што побара и асистенција од СИПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот