Судот во Нов Зеланд одлучи: Девојката која уживаше во „груби сексуални игри“ намерно е убиена

Фото: Профимедиа

Откако пред десетина дена започна судењето за убиството на младата Британка Грејс Милејн во Нов Зеланд, судот во оваа земја одлучи дека 27-годишниот осомничен е виновен за нејзината смрт, објави „Гардијан“.

Поротата составена од седум жени и пет мажи за само пет часа едногласно одлучија дека обвинетиот, чие име не е познато за јавноста, ја убил Милејн во хотелска соба откако претходно тие биле на состанок.

Во моментот кога била изречена пресудата, родителите на Грејс, кои присуствуваа на тринеделното судење во Оукленд, биле видно вознемирени. Кај дел од членовите од поротата исто така можеле да се забележат солзи.

Според информациите на британски „Гардијан“, обвинетиот не покажал никакви емоции, а конечната казна ќе биде изречена во февруари следната година.

Пред судот, нејзиниот татко Дејвид Милејн рече дека конечната пресуда ќе биде прифатена од целото семејство и пријателите на неговата ќерка, но „нема да ја намали болката и патењето кои морале да го издржат во текот на целата измината година.

– Грејс засекогаш ни беше одземена на најбрутален можен начин. Нашите животи се распарчени. Ова ќе биде со нас до крајот на нашите животи. Грејс беше убава, талентирана, прекрасна ќерка – рече нејзиниот вознемирет татко.

Милејн (21) пристигнала во Нов Зеланд во ноември 2018 година, како дел од нејзиното повеќемесечно патување ширум светот. Таа се сретнала со обвинетиот на 1 декември на состанок закажан на апликацијата Тиндер, а потоа го загубила животот во хотелска соба, откако била задушена до смрт.

Нејзиното тело потоа било поставено во куфер и закопано во плиток гроб, во шума западно од градот. За време на судењето не е откриено дали човекот кој е обвинет за нејзиното убиство бил одговорен за отстранувањето на нејзиното тело како обид за прикривање на инцидентот.

Обвинителите рекле дека обвинетиот бил „несовесно насилен“ додека ја гушел Милејн за време на консенсуалниот секс, и не внимавал за ризиците по нејзиниот живот за време на половиот однос.

На судењето стана познато дека Милејн често посетувала веб-страни на кои може да се пронајдат луѓе кои практикуваат груби и необични сексуални фетиши БДСМ (еротски практики или играње на улоги за време на секс кои вкучуваат врзување, доминација, субмисивност, садизам, мазохизам и други меѓучовечки динамики).

Тиндер-состанок од пеколот: Млада девојка необичните сексуални задоволства ги плати со живот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот