Судот во Хаг за жртвите на ОВК доделува броеви како псевдоними

Судија на претходна постапка на Специјализираните совети на Косово – познат и како Трибунал за злосторства на ОВК) им нареди на Службата за поддршка на жртвите да достават извештај до 10 декември за бројот на лицата кои аплицираат за статус на жртва во судскиот процес против Салих Мустафа и да ги додели на секоја потенцијална жртва псевдоним – по број.

Овој број, според наредбата на судијата, ќе му биде доделен на секој апликант за статус на жртва, без оглед дали тој побарал посебни мерки за заштита или не.

Така поставениот псевдоним, односно бројот, ќе се користи како единствен идентификатор на жртвата во јавните и доверливите поднесоци за време на процесот, освен ако не е решено поинаку од надлежниот судски совет, според поднесокот објавен на веб-страницата на специјализираните панели

По 10 декември, Службата ќе може да доставува дополнителни извештаи до судијата за достасаните барања за статус на жртва, но не подоцна од поднесувањето на бранителите на Мустафа за планираната одбрана и бројот на сведоци во негова корист.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот