Судот во Брисел ја разгледува тужбата на ЕК против „Астра-Зенека“

АстраЗенека Фабрика
Фабриката на АстраЗенека/ Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Надлежниот суд во Брисел денеска почна да ја разгледува тужбата поднесена од Европска комисија против фармацевтската компанија „Астра-Зенека“ за непочитување на договорените рокови за испорака на вакцината против ковид-19.

ЕК во понеделникот соопшти дека ја тужела „Астра-Зенека“ за непочитување на договорот за снабдување со вакцини против ковид-19 и затоа што компанијата нема кредибилна програма да обезбеди редовна испорака.

Одложувањата во испораката на вакцини од британско-шведска компанија се смета за една од причините зошто Европска Унија доцни со вакцинирањето на населението зад Велика Британија, САД и Израел.

Адвокат на ЕК пред судот во Брисел изјави дека ЕУ бара итна испорака од сите фабрики наведени во договорот, вклучително и од фабриката во Велика Британија, која повеќе не е членка на Европска Унија.

На сослушувањето, кое е отворено за јавноста и се одржува по итна постапка, адвокат што ја застапува „Астра-Зенека“ истакна дека договорот не предвидува обврска на компанијата да доставува вакцини од сите нејзини фабрики.

„Астра-Зенека“ има фабрики во Холандија и во Белгија, кои се членки на ЕУ, но и во Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот