Судот попустлив кон пиштолџијата од плоштадот „Скендербег“: Само четири месеци затвор за Цуфи Кока

Фото: EPA/EFE / Ѓорѓи Личовски

40-годишниот скопјанец Исуф Енузи-Кока, кој пукаше со пиштол на плоштадот „Скендербег“ на протестите против францускиот предлог, е осуден на четири месеци затвор за пукањето на плоштадот „Скендербег“.

Енузи, кој е член на Алијанса за Албанците, беше гонет за предизвикување општа опасност, при што е предвидена казна од една до пет години, што значи дека изречената казна е под законскиот минимум. Тој останува во домашен притвор сѐ до правосилноста на пресудата.

„За предизвикување општа опасност се гони 40-годишен скопјанец, кој на 6 јули, на платото пред плоштадот Скендербег, со општо опасно средство – пиштол ‘волтер’, модел ‘Р 99’, во калибар 9х19 мм, кој го поседувал со дозвола, предизвикал значителна опасност за животот или телото на луѓето. За време на движењето на групата граѓани, кои учествувале на јавниот собир, обвинетиот во два наврата испукал по два куршума во воздухот“, претходно информира Обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот