Судот одби да го одложи судењето на Нетанјаху

Фото: EPA-EFE/GALI TIBBON / POOL

Во судското образложение се наведува дека првото рочиште е закажано за 17 март само за читање на обинението и не е потребен одговор на одбраната, затоа нема причина да се одложи судењето.

Окружниот суд во Ерусалим го отфрли денеска барањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да му се одложи почетокот на судењето за корупција, нагласувајќи дека тоа ќе почне според планот следната недела.

Адвокатите на Нетанјаху побараа одложување на судењето со образложение дека им е потребно повеќе време за собирање на сите докази, а државното обвинителство соопшти дека е против секакво одложување и судот го прифати таквиот став.

Во судското образложение се наведува дека првото рочиште е закажано за 17 март само за читање на обинението и не е потребен одговор на одбраната, затоа нема причина да се одложи судењето.

Нетанјаху се товари за измама, изигрување на довербата и примање поткуп, а вмешан е и во повеќе скандали кои вклучуваат прифаќање скапи подароци од богати пријатели и нудење размена на услуги со моќни медиумски тајкуни.

Тој ги отфрли сите обвинувања, објаснувајќи дека е жртва на медиумски оркестриран „лов на вештерки”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот