Судот на ЕУ го прогласи заштитниот знак на Adidas за невалиден
Судот на Европската унија (ЕУ) го прогласи за неважечко логото на производителот на спортски стока Adidas со мотив дека тоа не е стекнато „специфичен карактер“, соопштува „Ројтерс“.
Судот нагласува дека компанијата ја докажала употребата на трговската марка во пет земји на ЕУ, но не и во целиот блок. Adidas може да поднесе жалба на одлуката.
Со ова судот ја потврдува одлуката на Канцеларијата на ЕУ за интелектуална сопственост од 2016 година, со која се поништува претходната одлука на Канцеларијата за прифаќање на трговската марка за заштитена, прецизира новинската агенција.
„Ројтерс“ потсетува дека компанијата ја регистрирала трговската марка во 2014 година, а ја опиша како три паралелни еквивалентни ленти со еднаква ширина и се однесува на производи во која и да е насока.
– Решението не влијае на нашата способност да ги користиме и заштитиме трите ленти, вели портпаролот на Adidas. – Иако сме разочарани од одлуката, ние го цениме и поздравуваме судот кој ни даде корисни насоки за заштита на нашиот бренд со 3 ленти, прикажан на нашите производи во каков и да е правец во иднина – велат од компанијата.
Трговската марка е оспорена од белгиската компанија Shoe Branding Europe, со која Adidas долго време има трговски спорови. Во минатата година Судот на ЕУ го прогласи за неважечко и логото на Shoe Branding, кое се состоеше од две ленти, со образложение дека е слично со тоа на Adidas.